Хокеарите вторпат ја совладаа Андора и ќе играат финале на Развојниот Куп

Македонската хокеарска репрезентација вторпат успеа да слави над Андора (6-3) и се пласираше во големото финале на Развојниот Куп за помали земји во хокејот, кој се одржува во Германија.

Нашиот национален тим беше далеку подобар во мечот и заслужено се пласира во мечот за трофеј. Доминацијата донесе предност од 5-0, а останатиот дел од мечот беше само рутина. Андора успеа да се доближи на 5-3, но немаше сила за изненадување.

Во финалето Македонија ќе игра со Португалија, утревечер од 19:00 часот.