ВИДЕО: Хокеарите на САД со убедлива победа против Словачка обезбедија четвртфинале

Хокеарите на САД се изборија за пласман во четвртфиналето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, откако славеа против Словачка со убедливи 5-1 (0-0, 3-1, 2-0).

Словаците беа рамноправни само во првите 20 минути, во кои не примија погодок и на пауза заминаа со почетните 0-0. Во продолжение хокеарите од САД набрзина поведоа со 2-0, а во 34. минута веќе беше и 3-0 по голот на Арчобело. До крајот на вториот период Словачка намали на 3-1, но со головите на Рое и Донато во последната четвртина, САД стигна до убедлива победа од 5-1.

Во натпреварот кој ќе биде битка за пласман во полуфиналето, САД силите ќе ги одмери со Чешка, која обезбеди директен пласмaн во четвртфиналето.