Хокеарите на прием во АМС по успехот во Германија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги прими претставниците на Хокејарска федерација на Македонија, на чело со претседателот Никола Тасев. Причина за приемот е големиот успех на „Девелопмент куп”, кој се одржа во Фисен, Германија.

„Се сретнам со претставници од Хокејарската федерација на Македонија, како и со дел од тимот кој го освои „Девелопмент куп”, натпреварување кое се одржа втора година по ред. Најдобрите македонски хокеари ги добија сите пет натпревари, при што во групната фаза ги совладаа Ирска, Андора и Португалија. Честитки за нашите репрезентативци“, изјави Каевски.

Во новиот Развоен куп, нашата репрезентација се најде во група со Андора, Ирска и Португалија. На овој турнир учествуваат земји кои го развиваат хокејот и имаат шанса да разменат мислења околу подобрување на условите, инфраструктурата и слично.