ВИДЕО: Хокеарите на Чешка по пеналите ги елиминираа фаворизираните Американци

Хокеарската репрезентација на Чешка го направи најголемото изненадување на овој турнир на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, откако по изведувањето на пеналите успеа да ја елиминира фаворизираната селекција на САД и да обезбеди место меѓу четирите најдобри.

По регуларниот дел и продолженијата резултатот беше 2-2 (1-1, 1-1, 0-0, 0-0), а во пенал рулетот, единствениот стрелец во пет серии беше Петр Кукал. 36-годишниот чешки репрезентативец беше прецизен во втората серија и ѝ донесе на својата земја борба за финале на овој турнир. 

Чешка последниот медал од Зимските Олимписки игри го освои пред 12 години, на игрите во Торино, каде го освои третото место, а до единственото злато стигна во 1998 година во Нагано. Во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од средбата меѓу Русија и Норвешка.