ХК Металург со ефект од три порази и една победа се враќа од Белград

Хокеарите на Металург викендов во Белград настапија на последниот турнир од регуларниот дел во хрватската инлајн лига, каде што забележаа ефект од три порази и една победа. „Пиратите“ сепак ја исполнија задачата по која што заминаа во Белград, со оглед на тоа што дојдоа до една победа, која им недостигаше за место во плеј-оф фазата која започнува во месец мај, а која ќе се игра во Загреб. 

Во првиот натпревар, одигран во саботата Металург загуби од Питони со 6-4 (1-0, 4-2, 1-0, 1-2), а стрелци на овој меч за нашата екипа беа Стефан Децковски кој постигна хет-трик и Ивица Тасков. Исто така и во вториот меч македонскиот шампион беше поразен, овојпат од Куне со ист резултат од 6-4 (3-1, 1-0, 2-3, 0-0), а како и на претходниот меч, по бројот на головите се издвои Децковски кој постигна два, додека во листата на стрелците се запиша и Кристијан Ташевски и Јернеј Пејановиќ.

До победата вредна плеј-оф, составот на Металург дојде во саботата, во последниот меч откако славеше над Куне 2 со резултат 5-2 (2-0, 2-1, 0-1, 1-0). Кристијан Ташевски даде два погодоци, додека по еднаш противничката мрежа ја затресоа и Тасков, Децковски и Пејановиќ. Во денешниот последен натпревар, несреќно по изведување на пенали нашиот тим е поразен од Сисак со 5-4, откако мечот во регуларниот дел заврши нерешено, 4-4 (0-2, 0-0, 1-0, 3-1).