• Мартин Танасковски

Хокејарскиот клуб Металург им се враќа на активностите и ќе биде дел од традиционалниот турнир во Долењске Топлице, кој се игра во Словенија.
„Пиратите“ ќе бидат единствен македонски тим на овој настан кој ќе брои осум екипи и се враќа на програмата по пандемијата со коронавирусот. Покрај од Словенија која е домаќин на настанот, ќе има и екипи од Хрватска.
Покрај Металург на турнирот ќе учествуваат ХК Ред Старс, Инлајн-хокеј клубот Карловац, КХЛ Тапири, ИХК Фрики Тим, ХК Превоје и ХК Шчуке Церкница.
Турнирот ќе се одржи на 4 и 5 јуни, а програмата дополнително ќе биде објавена.