Херој на мразот: Хокеар доби срцев удар, доктор чудесно му го спаси животот (ВИДЕО)

Во светот на спортот, зборот „херој“ се користи само како хипербола, но овој пат, се појави вистински херој - доктор кој му го спаси животот на хокеар кој доби срцев удар додека лизгаше на мразот.

Џиб Стрит игра хокеј за време на целиот свој живот во Канада. Но, неговиот живот за малку не заврши, затоа што доби срцев удар на мразот и цели пет минути немаше пулс. Животот му го спаси докторот Крег Брајант, кој веднаш се впушти во акција и ги направи сите потребни работи.

„Го гледав видеото. Тешко е да се гледаш себеси како лежиш на мразот, без свест. Чудесна е реакцијата на доктор Брајант, тој беше навистина брз и многу сум му благодарен. За мене, тој е најголемиот јунак во животот“, кажа Стрит во интервју за Фокс.

Во знак на благодарност, Стрит му подари на докторот потпишан дрес од Вејн Грецки, еден од најдобрите хокеари во историјата и му порача дека за него, тој како спасител е најголемиот херој во хокејот и го прогласи за ангел-чувар.