Флорида Пантерс ја одбрани НХЛ-титулата, Сем Бенет МВП на плеј-офот

Официјално заврши сезоната во американско-канадската професионална лига во хокеј на мраз (НХЛ). Флорида Пантерс ја одбрани титулата, откако во финалната серија го победи Едмонтон со 5-1 и ја затвори финалната серија со 4-2 во победи.

Флорида стана десеттиот тим со последователни титули во НХЛ лигата и првиот по Тампа Беј во сезоната 2020/21.

Во последните два натпревари од финалната серија, хокеарите на Флорида ја покажаа својата супериорност. Синоќа Флорида ги доби сите периоди и заслужено го освоија Стенли Купот по втор пат во својата историја.

Сем Бенет од Флорида беше избран за најкорисен играч во плеј-офот (МВП), откако постигна 15 гола по завршувањето на регуларната сезона.

ФОТО: NHL