ВИДЕО: Флорида ја доби мајсторката и првпат го освои Стенли Купот

Решавачкиот седми натпревар од финалната серија на плеj-офот на НХЛ 2024 година заврши во Флорида, во кој екипата на Флорида го победи Едмонтон 2-1 и го освои Стенли Купот за првпат во својата историја. Картер Вериџ и Сем Рајнхарт ги постигнаа головите за победничката екипа, а стрелец на единствениот гол на маслата е Матијас Јанмарк.

Серијата помеѓу Флорида и Едмонтон беше многу драматична. Флорида на стартот извојуваше три победи во низа, по што Едмонтон успеа да направи кам-бек и да израмни.

Интересно е тоа што Флорида успеа да стигне до посакувата цел и да ја освои титулата во својот втор обид. Минатата сезона екипата на Флорида играше до финалето, но не можеше да му парира на Вегас кој славеше со 1-4.