Финските хокејари преку Русија до историско олимписко злато!

Олимписката селекција на Финска конечно се закити со првото злато на хокеј турнирите, откако во финалето ја совлада Русија со 2-1. 

Дуелот во Пекинг тргна со руско водство. Григоренко го отвори резултатот уште во првата третина, но тоа беше недоволно за славје. Во вториот период Финците се вратија во игра преку Пока, а победоносниот гол го даде Бјорнинен на стартот на последната третина.

Финска конечно освои златен медал, откако претходно има две сребра и четири бронзи на Олимписките игри. 

Вчера во натпреварот за третото место Словачка со убедливи 4-0 ја победи селекцијата на Шведска.