• Зоран Мишевски
Финската машка репрезентација во хокеј на мраз го освои бронзениот медал на Зимските олимписки игри. Скандинавската селекција со победа од 6-1 (1-0, 1-1, 4-0) против Словачка во натпреварот за третото место во Милано.
Финска беше подобар противник во текот на целиот натпревар и сосема заслужено го освои својот осми олимписки медал, а петти бронзен. Својот единствен златен медал го освои пред четири години во Пекинг.
Од друга страна, Словачка остана на својот единствен бронзен медал освоен пред четири години во Пекинг.
Финалето на машкиот олимписки турнир во хокеј на мраз е на програмата денес со почеток во 14:10 часот меѓу Канада и Соединетите Американски Држави во последниот настан на Олимписките игри.