Финска ја доби организацијата на СП во хокеј на мраз во 2022 година

Светското првенство во хокеј на мраз во 2022 година ќе се одржи во Финска, одлучи светската хокејарска федерација на редовниот конгрес.

Претходно во 2021 година Мундијалот заеднички ќе го организираат Белорусија и Летонија.

Натпреварите на Светското првенство во Финска ќе се одржат во Хелсинки и Тампере.