• Зоран Мишевски

Светскиот хокеј на мраз е во очекување на новиот светски владетел. Во финалето на Светското првенство од елитната група ќе играат Канада и Финска. Домашната репрезентација на Финска триумфираше во полуфиналето против Соединетите Амереикански Држави со 4-3 (1-1, 2-1, 1-1).
Канада ја совлада вечерва Чешка со убедливи 6-1. Двоен стрелец беше Дилан Козенс, а по еднаш погодија Адам Лори, Кент Џонсон, Метју Берсал и Кол.
Противник на домаќинот ќе биде победникот од дуелот меѓу Канада и Чешка. На последните две првенства во финалните натпревари играа Канада и Финска. Финците ја освоија титулата во 2019 година, а Канаѓаните триумфираа на завршниот турнир минатата година.
Финалниот натпревар се игра вечерва од 19:20 часот.