• Мартин Танасковски
Анже Копитар, најуспешниот словенечки хокеар во историјата, стави крај на својата богата и долготрајна кариера по елиминацијата на неговиот тим Лос Анџелес Кингс во првата рунда од плејофот во НХЛ.
Кингс беа поразени од Колорадо Аваланш со максимални 4-0 во серијата, а во четвртиот натпревар претрпеа убедлив пораз од 5-1. Така, сезоната заврши разочарувачки за тимот, но и означи емотивен крај за легендарниот капитен.
Копитар ја мина целата своја НХЛ кариера во дресот на Лос Анџелес, каде настапуваше цели 20 сезони и остави неизбришлива трага. Со клубот ги освои двата најголеми трофеи Стенли купот во 2012 и 2014 година, влегувајќи во историјата како еден од најзначајните играчи на франшизата.
Во текот на својата кариера, одигра вкупно 1521 натпревар во регуларниот дел од сезоната, при што запиша 1316 поени - 452 голови и 864 асистенции, што претставува клупски рекорд. Во плејофот додаде уште 89 поени на 107 натпревари, потврдувајќи ја својата вредност и во најважните моменти.