• Зоран Мишевски

Десетина дена по завршувањето на НХЛ плеј-офот, со свечена церемонија е одбележан драфтот во американско-канадската хокеарска лига. На денешниот избор најдобро минаа словачките хокеари.
Монтреал Канадиенс го избра 18-годишниот Јурај Слафковски како прв пик на драфтот. Њу Џерси Девилс го ангажираше Симон Немец, исто така млад словачки хокеарски ас. Слафковски е член на ТПС од Финска. Тој блесна на Зимските олимписки игри во Пекинг и беше избран МВП на турнирот, впишувајќи седум гола и седум асистенции.
Меѓу најдобрите пет имаше место и за: Логан Кули (САД), Шејн Врајт (Канада) и Кутер Готје (САД).