ВИДЕО: Донато со два гола им донесе прв триумф на хокеарите на САД на ЗОИ!

Хокеарската репрезентација на САД ја запиша првата победа на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, откако утрово во рамки од групата Б славеше победа над селекцијата на Словачка со 2-1. 

Херој на Американците беше членот на Универзитетот Харвард, Рајан Донато, кој беше стрелец на двата гола. Првиот го постигна за водство од 1-0 во 7. минута од првиот дел, додека победата на САД, која како и сите останати репрезентации немаше право да доведе играчи од НХЛ лигата, им ја донесе во самиот финиш од мечот кога погоди за 2-1. Почесниот погодок за Словачка беше дело на Кудра за 1-1. 

Со оваа победа САД со четири бода ја зазема првата позиција во групата Б, Словачка со еден помалку е втора, додека на последните две места се пласирани Русија и Словенија.