Чешка нема да ја пушти репрезентацијата на СП 2021?

Чешка

Претседателот на хокејарската федерација на Чешка, Томаш Крал, соопшти дека размислува да му забрани на националниот тим да учествува на Светското првенство 2021 година.

Тоа треба да се одржи во Летонија и Белорусија, но летонските власти веќе објавија дека не сакаат да бидат дел од оваа заедничка организација.

„Ако шампионатот се одржи, тоа не значи дека сите екипи ќе одат таму. Не знаеме што ќе се случува на улиците. И не знам дали ќе го испратам чешкиот тим во Белорусија. Можеби нема", рече Крал.

Светскиот собир на најдобрите хокејарски репрезентации е закажан за периодот од 21 мај до 5 јуни 2021.