Чех на дебито во хокејот фати два пенали и беше прогласен за МВП

Некогашниот голман на Челзи и Арсенал, Петр Чех, почна ново поглавје во спортската кариера и влезе во хокејот, а на првиот натпревар остави позитивни импресии.

Чех дебитираше за Гилфорд Феникс во англиската втора лига и тоа на фантастичен начин. Дуелот во регуларниот дел заврши 2-2, а тимот на некогашниот чешки репрезентативец успеа да слави по пенали. Легендата имаше блескаво деби затоа што фати два пенали, а исто така по натпреварот беше прогласен и за МВП.

  • Дебитантскиот настап на Петр Чех на хокеарските натпревари:

„Драго ми е што имам можност да играм за Феникс за да стекнам искуство. Се надевам дека можам да му помогнам на овој млад тим да ги оствари своите цели за сезоната и да освои максимален можен број натпревари. После 20 години професионален фудбал, ова ќе биде неверојатно искуство за мене. Хокеј е игра што сакам да ја гледам и играм уште од детството“, велеше Чех пред дебито.

Чех во Челси пристигна летото 2004 година од Рен како засилување на тогаш новиот тренер на сините, Жозе Мурињо. Голманот стана легенда на Челси со 494 мечеви во сите натпреварувања и ги освои сите трофеи паралелно рушејќи и индивидуални рекорди. Во 2015 година се пресели во Арсенал за кој има преку 100 настапи и го освои ФА Купот во 2017 година.

Чех веќе се пензионираше од репрезентативниот фудбал, тој е репрезентативецот на Чешка со најмногу настапи во историјата, вкупно 124.