Чех е „чудовиште“ и на хокеарскиот гол, одбрани 62 удари во еден меч!

Легендарниот голман, Петр Чех и по завршувањето на фудбалската кариера, сè уште е спортски ативен, затоа што фудбалот го замени со хокејот и како што стојат работите одлично му оди и во новата позиција.

Некогашниот ас на Арсенал и Челзи веќе неколку години настапува во пониските хокејарски лиги во Велика Британија. Прво ги бранеше боите на Гилдорф Феникс, клуб со кој бележеше големи успеси, а сега е на голот на Оксфорд Сити Старс и викендов беше во центарот на вниманието кај англиската јавност. 

Верувале или не, Чех на последниот натпревар за својот тим буквално блескаше на голот и забележа неверојатни 62 интервенции. Противникот упати 64 удари од кои само два завршија зад грбот на легендарниот чешки голман.

Очекувано, ваквата блескава партија на Чех му донесе признание играч на натпреварот.