Цел Лас Вегас на нозе: Одржана шампионска парада во чест на хокеарите!

Вчера во Лас Вегас се одржа шампионска парада во чест на хокеарите кои го освоија Стенли купот Лас Вегас беше домаќин на шампионската парада во чест на победата на хокеарите на Голден најтс во Стенли купот.

Парадата се одвиваше по Лас Вегас Стрип, главната улица на градот на казината. На настанот присуствуваа околу 200.000 луѓе, се наведува на официјалната веб-страница на НХЛ.

Во финалето на НХЛ плеј-офот, тимот од Лас Вегас ја совлада Флорида со 4-1 во победи. Клубот го освои Стенли купот за прв пат во историјата.