ВИДЕО: Бостон го надигра Чикаго во новогодишното НХЛ-дерби под „отворено небо“!

Новогодишниот НХЛ дуел игран под „отворено небо“, во „Нотр Дам“ во Индијана го следеа рекордни 76.126 гледачи, а хокеарите на Бостон Бруинс извојуваа победа против Чикаго Блекхокс со 4-2.

Брендан Перлини постигнаа гол за водство на Чикаго, но четири минути подоцна Бруинс  израмни со голот на Давид Пастернак. Доминик Кахун пак ги доведе Блекхокс во водство, но Патрис Бержерон израмни на 2-2, користејќи играч повеќе на мразот.

Во последните 20 минути, екипата на Бостон постигне два гола преку Шон Каурали и Виктор Арвидсон и славеше со 4-2.