Атракција на денот во Пекинг: Хокеар од Шведска изведе фудбалски потег (ВИДЕО)

За време на хокеарскиот натпревар меѓу Шведска и Летонија на Олимписките игри во Пекинг забележан е фудбалски потег.

Шведскиот напаѓач Макс Фриберг изведе ремек дело во победата на својата репрезентација (3-2) откако успеа да се снајде во тешка позиција.

Имено, додека пакот беше во воздух Фриберг се реши атрактивно со глава да проигра свој соиграч, и тоа го направи многу успешно.