ВИДЕО: Антила ги сруши Русите, Финска и Канада ќе се борат за мундијалското злато

Хокеј репрезентацијата на Финска приреди големо изненадување и откако го исфрли бранителот на титулата Шведска, вечерва ја елиминира и Русија во полуфиналето на Светското првенство во Словачка. Така, Финците се враќаат во финале еден Мундијал по неколкугодишно отсуство, конкретно по 2011 година кога и последен пат беа светски прваци.

  • Извештај од натпреварот: 

Капитенот на Финска, Марко Антила го постигна единствениот гол за финска победа од 1-0 во тврд и натпревар без многу убавина, но со многу драматика. Финскиот голман Кевин Ланкинен, кој им одбрани 32 удари на руските хокеари, е вториот голем јунак на победничката селекција. 

  • Финците ја пеат националната химна по победата: 

Противник на Финска во финалето ќе биде селекцијата на Канада. Фаворизираните Канаѓани убедливо со 5-1 ја победија Чешка со головите на Стоун, Нрс, Дубоис, Турис и Шабо. Стрелец на единствениот гол за поразената селекција беше Захорна.

  • Извештај од натпреварот: