Алекс Овечкин со хет-трик дојде на троинаесет чекори до апсолутна историја во НХЛ

Алекс Овечкин чекори кон историја во НХЛ лигата, бидејќи се очекува набргу да стана најдобар стрелец во ова натпреварување. Рускиот хокејаш постигна три гола во победата на Вашингтон Капитолс над Едмонтон Оилерс од 7-3 во НХЛ. 

Со добрите настапи Овечкин стигна на 13 гола од рекордот кој го држи легендарниот Вејн Грецки со 894 погодоци кој долго време делуваше недостижно. 

Освен апсолутниот рекорд по број на голови, Алекс Овечкин игра 18. сезона во која дал барем 30 гола. Исто така тој е прв во историјата со најмалку 200 погодоци во три различни децении. 

Ако го достигне и рекордот на Грецки (на добар пат е) сериозно ќе се наметне во „ГОАТ“ дебатата.