46-годишниот хокеарски геније Јагр не помислува на пензија

Легендарниот хокеарски ас, Јаромир Јагер ќе игра и во наредната година за клубот каде е косопственик и претседател, чешкиот Кладно. 46-годишниот Јагр сезоната ја започна во Националната хокеарска лига на САД и Канада во тимот на Калгари, но по 22 натпревари го повреда на коленото и се врати во татковината.

Јагр заздрави од повредата и изјави дека не планира да престане со хокејот. Чехот зад себе остави 24 сезони во НХЛ лигата, каде е трет на вечната листа по бројот на одиграни натпревари (1.733) и по постигнати голови (766).

Со чешката репрезентација има светско и олимписко злато.