Спуштена е завесата на олимпискиот турнир во хокеј на мраз во Милано, каде што за првпат по 2014 година настапија најдобрите играчи од НХЛ. Во финалето беше приреден северноамерикански класик, во кој репрезентацијата на САД ја победи Канада по голема драма и продолженија со 2-1 (1-0, 0-1, 0-0 – 1-0).