ВИДЕО: Вудс доживеа тешка сообраќајна несреќа, веднаш пренесен во операциона сала

Најдобриот голфер на сите времиња, Тајгер Вудс, утрово во Лос Анџелес доживеа тешка сообраќајна несреќа, а првичните информации кои доаѓаат од Соединетите Aмерикански Држави не се позитивни. 

Според тамошните медиуми спортската легенда со својот автомобил излетат од патот, а поради сериозните оштетувања на возилото мораше да реагира пожарникарската служба, која со специјална опрема да го извлече од автомобилот, по што со хеликоптер експресно беше пренесен во болница. Неговиот агент го потврди инцидентот и откри дека неговиот клиент веднаш бил опериран.

Наводно, Вудс се здобил со сериозни повреди во повеќе делови од телото и неговата здравствена состојба е загрижувачка.