ВИДЕО: Погодок по кој и големиот Тајгер Вудс се воодушеви

Најдобриот голфер на светот Тајгер Вудс во средата го отвори својот нов голф терен во Хјустон, но она што го воодушеви е 11-годишно момче. Имено малиот Тајлор Кроцијер успеа да ја погоди дупката од 81 јард (74 метри), со што и славниот Вудс остана вчудоневиден.

Фантастичниот погодок на 11-годишното момче, му донесе огромен аплауз и прегратка од самиот Вудс. Подоцна Американецот видеото од прекрасниот удар го сподели по социјалните мрежи со што малиот гофдер доби дополнителна светска слава. Моментално Тајгер Вудс паузира поради повреда.