Тајгер Вудс при рутинска контрола уапсен на Флорида

Најпознатиот голф играч и еден од најбогатите спортисти на светот во историјата Тајгер Вудс е уапсен на Флорида поради управување на возило под дејство на алкохол, а можеби и дрога, пренесуваат американските медиуми.

Тајгер Вудс бил застанат при една рутинска контрола, по што неколку часа бил задржан и во полиција. Набрзо реагирал и неговиот адвокат па познатиот голфер бил пуштен со кауција.

Моментално Тајгер Вудс е на рехабилитација од повредата, но сè уште не размислува за повлекување, иако има 41 година. Последниот свој настап го имаше во месец февруари на турнир во Дубаи.