• Зоран Мишевски
Еден од најдобрите светски голфери и најбогат спортист на денешницата кој и натаму е активен, Тајгер Вудс и неговиот носач на палки Џо Лакава ќе мрра да се појават на суд во Пинелас, Флорида поради селфи фотографија.
Гледач тврди дека носачот на палки на Вудс го турнал кога сакал да се фотографира со голферот на турнир во 2018 година, а па момчето паднало во публиката. Брајан Боруси по нормална судска постапка бара отштета од 30.000 долари, затоа што бил повреден и завршил во болница.
Вудс е одговорен за постапките на неговиот носач за време на турнирот и ќе мора да се појави на суд. Еден од најдобрите голфери на сите времиња го ангажираше Лакава за свој носач на палки во 2011 година.
Адвокатот на Брајан Борус, Џош Дрешел, ги повика сведоците на инцидентот да стапат во контакт со него, за да дојде до нагодба меѓу двете страни.