• Мартин Танасковски

Американскиот голфер Тајгер Вудс дојде до нова титула и го изедначи рекордот по бројот на освоени трофеи на „ПГА Турот“.
Вудс на Зозо шампионатот дојде до 82. титула во кариерата, со што се изедначи со сонародникот Сем Снид. Снид дојде до ова достигнување на 52-годишна возраст, додека Вудс е девет години помлад.
За Тајгер Вудс ова беше прв настап по операцијата на коленото која ја имаше пред нешто околу два месеци.