Тајгер Вудс четврти пат го оперираше грбот, наскоро му се враќа на голфот

Легендарниот американскиот голфер Тајгер Вудс ќе му се врати на голфот на терените за шест месеци, откако успешно го оперираше грбот. Вудс објави дека ќе одмара неколку недели пред да замине на терапија.

„Операцијата помина двп најдобар ред и верувам дека болките во мојот грб се минати. Се радувам да се вратам на нормалниот живот, а и натаму ќе се натпреварувам во голф“, откри Американецот. 

Оваа операција е четврта на грбот и Вудс мораше да ја направи откако почувствува нови болки откако се врати во декември по 15 месеци отсуство. Многумина веруваат дека не може да биде на истото ниво и да доминира во светот на голфот како претходно.