• Иван Димовски
Светскиот голфер број еден, Скоти Шефлер, беше уапсен в петок наутро во Луисвил во Соединетита Американски Држави.
Шефлер патувал кон Валхала голф клубот каде што требаше да биде дел од втората рунда на ПГА шампионатот, меѓутоа не успеа да стигне. Имено, пред клубот имало сообраќајна незгода и полициски службеници го запреле сообраќајот.
Here is video that I took of Scheffler being arrested: https://t.co/8UPZKvPCCf pic.twitter.com/9Tbp2tyrJh
— Jeff Darlington (@JeffDarlington) May 17, 2024
Голф играчот се обидел да поразговара со нив за да го пуштат до влезот кој е близу, но тие одбиле. Тогаш Шефлер не застанал по полициската навреда и ја минал бариерата, а откако влегол во клубот полициски службеник го уапсил.