• Сашо Поповски
Американскиот голфер Тајгер Вудс важи за еден од најплатените спортисти на сите времиња. Тоа му овозможи луксузен живот, далеку од нормалниот свет, каде се наоѓа и во овој период на пандемија.
Дел од заработката од своите успеси на терените и спонзорските договори, познатиот Американец ги искористи за да купи огромна куќа на Флорида.
Спектакуларниот имот е проценет на 47 милиони долари, еден од најскапите во Соединетите Американски Држави. 44-годишникот е таму со своето семејство и новата партнерка Ерика Херман.
Вудс чека да продолжат турнирите со цел да може да му се врати на голфот. Засега нема никакви најави за организација на настани, поради лошата ситуација со која се соочува неговата држава.