• Зоран Мишевски
Рускиот тенис и во машка и во женска конкуренција е во голем подем и тоа секојдневно се забележува. Људмила Самсонова ја совлада Женг Кинвен од Кина со 2-0 во сетови (7-5, 7-5) во финалето на Пан-пацифик Опен во Токио.
За 23-годишната Русинка ова е трет турнир во својата кариера и осумнаесетта победа во последните деветнаесет меча.
Екатерина Александрова победи на Корејскиот Опен во Сеул. 24-рангираната Александрова на патот до титулата ги победи Ејжа Мухамед, На-Леј Хан, Лулу Сун и Татјана Марија,а во финалето беше подобра од првата носителка Летонката Јелена Остапенко со 7-6/4, 6-0.