Некогашниот седми светски рекет стана професионален голфер

Некогаш славниот американски тенисер Марди Фиш влегува во професионалниот голф и ќе игра на турнир во Минесота.

Фиш така ќе стане првиот тенисер кој влегол во овој спорт. Американецот некогаш беше на седмата позиција на АТП-листата, а сега во родниот град ќе игра турнир во рамки на ПГА Турот.

Уште како дете Фиш тренирал голф, учествувал и како јуниор на некои турнири. Но, од 14-тата година се фокусира само на тенисот и остана во „белиот спорт“ како професионалец.

Марди Фиш како тенисер освои шест АТП-титули во сингл и осум во двојки.