Наум Јанакиевски е нов претеседател на Македонската голф федерација 

Македонската голд федерација го избра Наум Јанакиевски за нов претседател. Во управниот одбор членуваат Зоран Јанакиевски, Коста Ковановски и Мики Јанакиевски. 

Македонската голф федерација го најави „Macedonian Open“, натпреварување што ќе претставува и Државно првенство за 2019 година. Турнирот е закажан од 23 до 25 август на терените на „Пирин Голф Клуб“ во Банско, Бугарија и ќе биде од отворен карактер. Право на учество, покрај домашни играчи, ќе имаат и странци кои ќе се натпреваруваат во посебна категорија. Оттука и очекувањата на организаторот за масовен интерес што во превод значи меѓу 80 до 100 пријавени голфери можат да аплицираат за настап.

„Macedonian Open“ е вграден и во официјалниот календар на ЕГА (Европска Голф Асоцијација) за настани на стариот континент, а од наредната сезона ќе биде содржина и во календарот на ВАГР (Светски аматерски голф ранкинг).

Македонската Голф Федерација е призната и активна членка на водечките меѓународни организации како Интернационалната Голф Федерација (ИГФ), Европската Голф Асоцијација (ЕГА) и Кралски/Антички (R&A), но и на Македонскиот олимписки комитет (МОК).