• Зоран Мишевски
Светскиот голфер број еден, Скоти Шефлер од Соединетите Американски Држави, ја освои титулата олимписки победник во Париз. Шефлер стигна до златото со фантастична игра на последниот ден од турнирот. Тој ја победи патеката со само 62 шута, девет под исто ниво. Шефлер беше особено впечатлив на последните девет дупки, кога постигна резултат од шест под „пар“, а на делницата од 14. до 17. дупка забележа четири „птици“ по ред.
Со ова Шефлер, кој беше израмнет на шестото место по третиот ден, направи дополнителен притисок на играчите кои беа зад него на теренот, што резултираше со нивни многубројни грешки. Имуни на притисокот не останаа бранителот на титулата и победник на овогодинешните два големи турнири, Американецот Ксандер Шауфеле и одличниот Шпанец Џон Рам.
Шефлер го освои златото со вкупен резултат од 19 удари под „пар“ во четирите натпреварувачки дена, еден шут повеќе од сребрениот Флитвуд, додека Јапонецот Хидеки Мацујама ја освои бронзата со резултат од 17 удари под „ пар“.