Најдобриот голфер во историјата најави повлекување од големата сцена

Легендарниот американски голфер, Тајгер Вудс, одлучи да се повлече и да направи пауза од професионалните настапи. 

Одлуката доаѓа во период кога Вудс се соочува со здравствени предизвици, поради што ќе пропушти неколку важни турнири, вклучувајќи ги и најголемите настани во сезоната.

Иако не станува збор за официјално пензионирање, туку за привремено повлекување, неизвесно е кога и дали 50-годишниот Американец повторно ќе се врати на врвно ниво.

Во последните години, Вудс има бројни проблеми со повреди и операции, што значително го ограничи неговото присуство на турнирите. Се претпоставува дека врз оваа одлука влијаел и неодамнешниот инцидент, во кој Вудс беше дел од сериозна сообраќајна несреќа. 

Сепак, еден од најголемите голфери во историјата неколкупати нагласи дека сè уште нема донесено конечна одлука за крај на кариерата и дека ќе се врати кога ќе биде целосно подготвен.

Неговото повлекување, дури и привремено, претставува голем удар за светот на голфот, каде Вудс со децении беше едно од најпрепознатливите имиња.