Најдобриот голфер се самоповреди на божиќната вечера и го откажа настапот во Хаваи

Најдобриот голфер Скоти Шефлер планираше да настапи на турнирот „Сони Опен“ на Хаваи на почетокот на 2025 година, но е принуден да го откаже учеството поради повреда на раката, здобиена во сопствениот дом.

Медиумите дознале, а неговиот менаџер потврди дека најдобриот голфер во светот во последните три сезони си ја пресекол раката додека подготвувал вечера за католички Божиќ, па затоа е потребно време за да му зараснат раните.

Повредата не е сериозна, но не е ниту безопасна, сепак, оценката лекарскиот тим е дека 28-годишниот Американец ќе се врати во борбата за што подобар пласман на „Американски Експрес“ турнирот во Калифорнија (16-19 јануари).

Шефлер оваа година освои девет турнири, од кои седум беа на главната турнеја во Соединетите Американски Држави. Исто така на Олимписките игри во Париз пред неколку месеци го освои најблескавиот медал.