Надал паузира од тенисот, но освои титула – во друг спорт

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да игра до крајот на сезоната поради повреда, но тоа не го спречува да се бави со друг спорт и да ужива во слободното време.

Дваесеткратниот Грен Слем шампион зеде учество на голф турнир во родната Мајорка. На турнирот учествуваа вкупно 76 учесници, а Надал го освои првото место. Иако паузира од тенисот, навика на Шпанецот му е да освојува титули.

Ова не е првпат Надал да игра на голф турнир. Претходно тој беше дел и од турнир на Балеарските острови каде заврши како шести.