Надал го замени тенискиот рекет со голф палка и заврши меѓу најдобрите

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал моментално не игра турнири во „белиот спорт“, па рекетот го замени со голф палката.

Рафа беше дел од голф-турнир на Балеарските острови. И тоа се покажа во доста добро издание, со оглед на тоа што се натпреваруваше со професионалци.

Тенисерот меѓу голферите заврши на шестата позиција, веднаш зад Нури Иторус, инаку професионалец во голфот. Надал беше најдобар на третиот ден, со скор 77.

Надал нема да игра на турнирот во Виена, а на тениските терени ќе се врати на мастерсот во Париз.