Менче Николовска Папеш нов претседател на македонската голф федерација

На вонредното изборно собрание за нов претседател на Голф федерацијата на Македонија е избрана Менче Николовска Папеш.

На иницијатива на клубовите кои се регистрирани во Македонија, и кои се дел од државниот шампионат, дојдено е до смена на сега веќе минатото раководство и е поставено ново на чело со Менче Николовска Папеш.

Исто така, новото раководство ќе спроведе и целосна финансиска ревизија за работењето на федерацијата до сега како околу организацијата на државниот шампионат кое се оджува инаку во Бугарија.