• Зоран Мишевски
Македонската голф репрезентација од 31 јули во Вилнус (Литванија) ќе учествува на турнир во организација на Eвропската голф асоцијација (EГА). Преедводени од капитенот Димитар Георгиев, заедно со Илија Остојчиќ, Игор Стоименов и Наум Јанакиев, нашите голфери овој турнир ќе го искористат да ја темпираат формата пред Државното првенств, кое сезонава ќе се одржи од 23 до 25 август во Банско.
Македонската голф федерација се надева дека нашите голфери во Вилнус ќе ја претстават нашата земја на најдобар можен начин и дека овој турнир е одлична можност играчите да ја подигнат формата.
Оваа година 11 нови земји во светот на голфот ќе учествуваат на овој спортски настан. Македонија е во група со Ерменија, Грција, Кипар, Грузија, Латвија, Азербејџан, Лихтештајн, Латвија, Малта, Романија и домаќинот Литванија.