„Кралот“ конечно повторно на врвот: Прв триумф на Тајгер Вудс по пет години 

Легендарниот голфер Тајгер Вудс, успеа да слави на шампионатот во Атланта, што е негова прва победа на ГПА-тур по пауза од цели пет години. 

42-годишниот Вудс го четиридневна голема борба заврши на првото место со резултат -11, и зад себе го остави големиот ривал Били Хоршел со -9, додека на третото место се пласира Дастин Џонсон со -7. 

За освојувачот на 14 Мејџор турнири заради неколкуте приватни скандали и честите повреди подолг период беше надвор од голферските терени, а на истите се врати со шампионска форма и победа во голем стил. 

„Ова е голем момент за мене. Не знам како се воздржав да не пуштам солзи по победата. Чувството е фантастично што по толку време повторно сум на врвот“, рече Вудс. 

За Вудс ова е негова 80 ГПА титула, а последниот турнир од Шампионската серија го освои во 2013 година.