• Зоран Мишевски

Кореанската голферка Инби Парк е нова олимписка победничка во голф во женска конкуренција, што е прв медал во овој спорт по цел еден век, откако голфот се врати на олимписката програма.
Лидија Ко од Нов Зеланд го освои сребрениот медал, а кинеската голферка Шаншанг Фенг беше бронзен со тесна победа пред Британката Чарли Хал.
28-годишната Парк влезе во историјата како единствена која ги има сите одличја во голф серијата, откако претходно освои светска титула и седум Грен слем трофеи.