• Александар Ковачев

Менаџерот на Мамчестер Сити, Пеп Гвардиола учествуваше на егзибициски натпревар во голф, на кој изведе потег за кој уште долго ќе се зборува.
На турнирот Пеп заедно со поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс беа во тимот на светот. Гвардиола се мачеше да направи „пар“ на дупката бр 12, но потоа изведе удар кој ги одушеви сите присутни, а го сними професионалниот голфер, Ли Вествуд. Во продолжение погледнете го мајсторското голф дело на Гвардиола: