• Александар Ковачев

Пред година дена светот доби шанса да ја запознае атрактивната и млада голферка Пејџ Спиранац, кога влезе во професионалните води со повикот за настап на „Dubai Ladies Masters“. Нејзиниот изглед веднаш привлече внимание, нејзините фотографии ги преплавија интернет страниците.
Сепак и не постигна некој поголем успех во професионалниот голф, но повторно доби повик за настап во Дубаи. На прес-конференцијата пред почеток на турнирот таа едноставно почна да плаче, бидејќи како што вели нејзините колешки константно ја напаѓаат поради нејзиниот изглед и поради тоа што на турнирите настапува во кратки фустанчиња.
„Мислам дека луѓето треба да сфатат колку многу ме погодуваат лошите коментари. Тешко ми е бидејќи ме напаѓаат мене и моите родители со секакви коментари. Сајбер хулиганите се голем проблем и за тоа никој не зборува. Не е важно како ќе го одиграм овој турнир, но тоа што сум тука и што можам да ја кажам мојата приказна, можеби некому и ќе му го спаси животот“, изјави 23-годишната Спиранац.