ВИДЕО: Голф удар за чудење – ја погоди 13-тата дупка од прва!

Јужнокорејскиот голфер Сунг Канг собра пофалби за потегот кој го направи на турнир во Тексас и погоди во последната дупка од прв обид.

Канг настапи на ПГА-турот во Форт Ворт и за него ова беше прв голф-турнир по три месеци затоа што пандемијата со коронавирусот ги стопира сите активности. Тој покажа дека е во одлична форма и покрај паузата.

Сите љубители на голфот и сите учесници на турнирот беа изненадени, затоа што Канг ја погоди 13-тата дупка со само еден удар. Штета што на турнирот немаше публика, за да ја види мајсторијата...