• Горан Упале

Голферските легенди Тајгер Вудс и Фил Микелсон оваа есен договорија двобој во Лас Вегас, и ќе играат еден против друг за сума од девет милиони долари.
Иако засега не е објавен конечниот договор, Вудс потврди дека во ноември ќе се судри со големиот ривал на терените во „Шадоу Крик“, а победникот дома ќе си замине побогат за девет милиони долари.
„Одиме - Фил Микелсон против Тајгер Вудс“, напиша Вудс на Твитер, по што следуваше одговор од неговиот ривал. „Се обложувам дека мислиш оти ова ќе ти бидат најлесно заработените девет милиони во животот“.
42-годишниот Вудс, кого го сметаат за најдобриот голфер на сите времиња, во својата досегашна кариера заработил 113 милиони долари, додека неговиот противник Микелсон нешто помалку (88).